Пацинети меѓу 50 и 70 години доминираат меѓу болните од Ковид 19 во штипската Клиничка болница. Според директорот Ален Ѓеоргиејев, за разлика од претходниот бран, се’ поголем е бројот на помлади пацинети. Во моментов на болничко лекување се двајца пациенти од 30 години и еден од 31 година.
Денеска има двајца починати – еден од Радовиш и еден 52-годишен пацинет од Виница. Од 40 -тина пацинети во модуларната болница, 35 се на кислородна поддршка, а има и тешки случаи. Десетина , кои се со полесна клиничка слика, се сместени во Кожното одделение. Директорот Ѓеоргијев кажа дека доминираат невакцинирани пацинети, но има и вакцинирни со две дози.
-И во однос на починатите пацинети во текот на август доминираат невакцинираните пацинети. Да ја искористам приликата да апелирам граѓаните да се вакцинираат. Се’ уште е рано, но после овој бран ќе може да ги видиме ефектите од вакцинацијата, за да можеме да правиме некои анализи во врска со заштита од вакцините. Но, до овој момент доминираат невакцинираните пацинети и со тежината на клиничката слика. Отприлика 80-тина проценти од починатите се невакцинирани, додека 20-тина проценти се вакцинирани. И во однос на лежечките пацинети, 25-6 проценти за вакцинирани, останатите се невакцинираи, изјави Ѓеоргиејев.
Напливот на пациенти со потешка клиничка слика ги забрза работите на реконструкцијата на Инфективното одделение, кое веќе од вечер може да почне да почне да прима пацинети. Со тоа, на распологање на пацинетите од Источна Македонија ќе бидат вкупно 110 кревети. Од први април започна поставувањето на централниот систем на довод на кислород и реконструкција на столаријата и фасадата.
-Се вршат последните проверки на довод на кислорот, очекуваме во текот на денот да имаме довод на кислород до сите кревети, а и да добиеме повеќе кревети за хоспитализација. Ќе добиеме 60-тина кревети плус. При крај се и градежните работи, очекуваме за неколку дена да завршат. Прекинати се одморите, направена е нова реорганизација,ангажирани се многу лекари и друг персонал, се’ со цел да одговориме на предизвиците. Така што, доколку има потреба, може од вечер да полниме некои од собите за пацинети, на кои им е потребна хоспитализација, објасни директорот Ален Ѓеоргијев.
Централен довод до кислород има во модуларната болница, а со реконструкцијата сега и на Инфективното одделение. Целиот проект чини околу 40.000 евра, сопствени средства на Клиничката болница од Штип. Модуларната болница беше поставена на 1 април, и со мала пауза по летното намалување на Ковид болни, цело време е во функција. Болните со мозочни удари, кои до пред пандемијата беа хоспитализирани во дел од Инфективното одделение, остануваат на Кардиологија.
Штип останува со релативно мал број на новозаболени, што според лекарите, се должи на високиот пацинет на имунизирано население, меѓутоа поголем број на пациенти доаѓаат од градовите во регионот.