Министерката за образование и наука Мила Царовска и вицепремиерот Артан Груби денеска го посетија ООУ “Лирија” во општина Чаир. На заедничката прес конференција Груби истакна дека е воодушевен од идеализмот на министерката Мила Царовска.
-Сакам да и честитам на Мила за храброста и визијата за поквалитетно образование за нашите деца. Ја гледам секојдневно на владините седници како се бори и навистина сум воодушевен од идеализмот во нејзе за подобро утре за сите наши деца. Знам дека има критики, знам дека има различни размислувања, но сето тоа придонесува за поуспешни решенија, затоа што и прифаќаме дел од критиките и забелешките, но тоа што недостасуваше беше храброст за да се пристапи кон темелна реформа во образованието, за која што имаме очајно потреба и затоа сакам да и честитам на Мила и да ти дадам целосна поддршка, рече Груби.