Градската капела во Тетово, која беше изградена пред две години, се уште не е пуштена во функција. Се работи на остранување на техничките пропусти направени при изградбата на капелата и поставувањето на комората.
Градската капела која општинските власти ја ветуваа повеќе од една деценија конечно се изгради пред две години, но таа се уште не е во функција. Причина за тоа е што наместо соодветна комора, изведувачот на работите поставил комора каде, како што велат вработените од православните гробишта, е наменета за чување на батаци и сувомеснати производи, односно комора со многу мала димензија. Поради ваквиот пропуст капелата не беше пуштена во употреба, а сега како што најавија од ЈКП Тетоово веќе се работи на остранување на пропуститие .
Капелата е лоцирана веднаш до влезот на старите градски гробишта во Тетово. Освен комора има и неколку простории, канцеларии и една голема просторија за пречек на поширокото семејство на покојникот и давање сочуство.
Тетово е меѓу ретките градови во државата што нема капела што ги усложнува и онака големите маки на православните граѓаните за погребување на покојниците, пред се поради недостиг на гробни места на старите гробишта и неуредените нови православни гробишта кај тетовско Фалише.За подобрување на состојбата од ЈКП Тетово најавуваат формирање на ново јавно претпријатие Православни гробишта кое е веќе поминато на совет, а наскоро ќе започне да работи на терен со сопствен буџет и околу 25 вработени лица.
Зоран Димовски