Резерватот „ Паркот на танцувачките мечки“ е еден од најдобрите во Европа, каде речиси една година живее мечето Теди, кое се спаси од голготата во штипската зоолошка градина. Дека Теди е среќно мече, откако се исели од Македонија покажуваат и снимките. Се гледа колку Теди ужива во играта со останатите мечиња во Белица, Бугарија.
Во каква голгота живееше Теди во градината во Штип доволно покажуваат фотографиите, поради кои се кренаа љубителите на животните за негов спас. Кко изгледа сега Теди, а како изгледаше пред неполна година доволен доказ се видеото и фотографиите.
ММС пишуваше за судбината на Теди.