Руската вакцина во форма на спреј за нос би можела да биде достапна во 2022 година – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/21 9:59 PM

Руската вакцина во форма на спреј за нос би можела да биде достапна во 2022 година

Вакцината против Ковид-19 во форма на спреј за нос би можела да биде достапна есента во 2022. година, по клиничките тестови, изјави денес директорот на „Вектор“, Државниот руски истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, Ринат Максјутов.

-Многу лаборатории ширум светот работат на вакцина во форма на спреј за нос, но засега се тестираат на лабораториски животни. Бидејќи потребни се клинички тестирања, мислам дека вакцината во вид на спреј за нос ќе биде достапна следната есен, рече Максјутов, а пренесува „ТАSS“.

Според раните извештаи, рускиот Гамалеја центар планира да почне со тестирања на овој вид вакцини кон крајот на 2021.година или на почетокот на 2022.година и да ја регистрира идната година.

 

 

Извор:

novosti.rs