Ќе умрам дебела и гладна! Сека Алексиќ искрено за својот приватен живот! – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/21 10:09 AM

Ќе умрам дебела и гладна! Сека Алексиќ искрено за својот приватен живот!

Сека Алексиќ призна дека е опседната со филтрите за убавина на Инстаграм, дека е врзана за безусловна љубов кон нејзиниот сопруг, но и искрено проговори за проблемот со вишокот килограми, за кои како што вели, ја придружуваат во текот на нејзиниот живот.

Пејачката истакна дека е свесна за себе па така негативните коментари на социјалните мрежи не влијаат врз неа.

-Поминувам време на социјалните мрежи и кога ќе наидам  читам коментари за себе. Тука нема ништо премногу лошо и навредливо – рече Сека, но кажа дека коментирањето на туѓ изглед е несоодветно.

– Мислам дека е релативна работа дали некој е слаб или дебел,  прашање на вкус. Никогаш не сум коментирала за туѓ изглед или заработка, бидејќи мислам дека тоа е некултурно. Кога надувам на некој симпатичен коментар, со задоволство се шегувам на моја сметка – објасни пејачката.

– Често за себе си велам дека ќе умрам дебела и гладна, бидејќи постојано се дебелеам. Тоа е составен дел од мојот живот и веројатно секогаш тоа ќе ме следи – призна Алексиќ.

Сека признава дека и требало време да се навикне на настапите и ноќниот живот по долгата пауза.

– Ми беше тешко да се вратам, бидејќи бев бремена пред да започне короната и не работев. Тешко ми беше повторно да се навикнам на високите потпетици, но и на фактот дека почнав да пеам во еден часот по полноќ. Меѓутоа, по третиот настап, се навикнав – рече фолкерката, па се осврна на нејзиниот оби да отстрани бројни тетоважи што ги правела со години.

– Се обидов да ги отстранам тетоважите, но тоа е многу тешко и болно. Се откажав од тоа бидејќи третманите се болни, а тие само ја избледуваат тетоважата, и не ја отстрануваат целосно – објаснила пејачката, која признава дека подлегнала на новиот тренд и станала опседната со филтрите за убавина што ги нуди Инстаграм.

– Опседната сум со филтри на Инстаграм, пред неколку дена го споделив мојот нов филтер. Сосема случајно, дојдов до идеја да ги поставам моите програми за убавина, контактирав со луѓето кои го прават тоа и сега не можам да престанам. Многу го сакам и ми е многу интересно – рече Сека, која потоа се осврна на односот со публиката, но и со сопругот Вељко.

– Чистата љубов ме врзува за Вељко, а енергијата зависи од публиката и каков фидбек добивам од неа. Се уште ги доживувам настапите како првиот ден кога се појавив на сцената, ја сакам својата работа и публиката, и кога сум на сцената се чувствувам како да сум на свој терен – искрено рече Сека.

 

Извор: Курир.рс