„Почивај во мир, сега си мал ангел“! Двегодишната Сара почина поради полнач за мобилен телефон – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/21 7:30 PM

„Почивај во мир, сега си мал ангел“! Двегодишната Сара почина поради полнач за мобилен телефон

Двегодишното девојче Сара Алвес де Албукуерки починало од струен удар откако го допрела полначот за мобилниот телефон. Девојчето, кое потекнува од местото Ерера на североистокот во Бразил, итно било префрлено во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот, објави британски „Сан“.

“Владата на Ерера изразува длабоко жалење поради смртта на малечката Сара Алвес де Албукуерки. Во овој момент на длабока болка, општината сочувствува со семејството и пријателите и изразува најискрено сочувство поради ненајдената загуба“, напиша локалната градоначалничка Емануела Гомез Мартинс на Фејсвук.

„Почивај во мир, мала Сара. Сега си мал ангел со мали крила“, “Постојат моменти кога не можеме да пронајдеме зборови со кои би ги екстернализирале своите чувства кога се известува за дете“, се само некои од коментарите за случајот.

Полицијата води истрага, но извештаите не укажуваат за која марка на телефон се работи, односно дали се работи за полнач на познат производител.

Бразил само минатата година забележал 355 смртни случаи од струен удар.

Слична смрт се случи на Тајланд во 2019 година кога Китисак Мункити (28) беше пронајден мртов во својата спална соба со траги од изгореници на раката и подлактицата додека се уште го држел телефонот. Мајка му го затекнала како го држи црниот смартфон кој бил вклучен во штеокот додека тој играл игри.

Извор: Thesun.co.uk, srbijadanas.rs