Се бројат жртвите од Ковид 19 во тетовскиот регион. Статистиката говори дека за само една недела починале 46 лица. За изминатово деноноќие имаме нови пет жртви од вирусот, меѓу кои и една 39 годишна жена. Жената била донесена во болницата со многу ниска сатиурација 45. Но, по неколкудневното лекување на ковид центарот, таа не успеала да се спаси.
-Жената имала историја на ендокринолошка состојба, конкретноза тироидната жлезда,а нејзината претходна здравствена состојба била целосно контролирана и била без никакви проблеми, потенцираше д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово.
Дали Тетово го достигна пикот како што кажа Министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани при недомнешната посета на Тетово доктор Нуредини не може да каже со сигурност. Вели здравствените власти прават анализи и се постручни, но според состојбата на терен рано е да се каже дали кривата ќе се спушта, затоа што бројот на амбулантски прегледи се намалува, но сосема незначително околу 5 %. Сега како што рече Нуредини, имаме до дваесетина помалку амбулантски прегледи во споредба од пред неколку дена, а хоспитализираните во Клиничката болница Тетово се секој ден со приближни бројки.
-Се примаат нови, место има на сметка што се отпуштаат, односно тие кои се оздравени, но за жал болничките местата се ослободуваат на сметка на починатите што е многу трагично. Не можам да кажам дека бројот се намалува, ако кажам за кривата тогаш може да се рече дека е во права линија, но ништо не се знае со вирусот може и да продолжи нагоре и недај боже надолу. Еве денеска имаме 123 хоспитализирани и 175 амбулантски прегледи, значи се уште е ризична состојбата.. Имавме 5 починати изминативе 24 часа како што кажав и сите тие биле невакцинирани, како и над 95 % од претходните починати. Значи вакцината пак ќе кажам е важен момент, дека и над 90 % од хоспитализирани се невакцинирани, рече д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид цетнар при Клиничката болница Тетово.
Моментално имунизацијата во тетовскиот регион се одвива во три пункта кај спортската сала на медицинското училиште во Тетово, во објектот на Музејот на тетовскиот крај, како и во амбулантата во село Порој.
(З.Д.)