Нокеска скопјанец паднал од тротинет и со тешки телесни повреди е пренесен во болница.
Нокеска околу 00,40 часот пријавено е дека на ул.Борис Трајковски во Скопје З.Д. (46) управувајќи електричен тротинет „ксауми“, паднал. По незгодата З.Д. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР