Орце Камчев нуди 1,7 милиони евра во недвижнини и 200 илјади евра во готово за да излезе од притвор – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/21 4:36 PM

Орце Камчев нуди 1,7 милиони евра во недвижнини и 200 илјади евра во готово за да излезе од притвор

Адвокатот на Орце Камчев, Еленко Миланов на денешната прес конференција соопшти дека бизнисменот по вторпат поднел гаранција во вредност од 1,7 милиони евра во недвижнини и околу 200.000 евра во готовина за да се брани од домашен притвор, немаме одлука од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд, до којшто истата е доставена.

-Понуден е недвижен имот од нешто над милион и седумстотини илјади евра и готовински парични средства од 200 илјади евра, но на оваа понудена гаранција до овој момент и до оваа прес-конференција немаме одлука од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд, до којшто истата е доставена, вели Миланов

Исто така адвокатотот вели дека предметот „Плацеви на Водно“ да се темели на изјава на поранешниот премиер Никола Груевски дадена за сосема друга истрага и побара запирање на целиот процес се додека не се земе изјава од Груевски.