Не сме забележале ниту еден смртен случај од коронавирусот од мај месец, потврди главниот исландски епидемиолог д-р Торолфур Гуднасон за Си-Ен-Ен и додаде дека вакцината сигурно спречила сериозни последици од заразата на Исланд и тоа покажува дека вакцините се навистина ефикасни.
Пред месец мај додека вакцините не им беа достапни, на Исланд забележаа 30 смртни случаи. Не починал ниту еден човек од контраиндикации од вакцината.
– Да не беше вакцината, мислам дека ситуацијата ќе беше катастрофална – рече д-р Пал Матијасон, директор на универзитетската болница на Исланд.
Вакциналниот посег на населението постаро од 16 години таму е преку 90%, а ако се гледа на лицата постари од 12 години, тогаш вакцинирани се преку 84% од граѓаните, потврди д-р Мар Кристијансон, шеф на одделот за заразни болести во истата болница.
Пред вакцината, болницата имала од 65 до 75 пациенти, а минатата среда имало само 18, од кои тројца на одделот за интензивна нега. Но, бројот на хоспитализациите паѓа.
– Лани беше лудница. Сега е помирно, има малку пациенти и побрзо оздравуваат – рече докторката Кристин Сигвалдасон од одделот за интензивна нега.
Исланѓаните имаат строги епидемиолошки мерки. Кафулињата, рестораните и баровите се затвораат во 23 часот, гостите се попишуваат со име и презиме, а на собирите може да има најмногу 200 луѓе. Маските се задолжителни во затворен простор како и држење на дистанца.
Извор: 24sata.hr/CNN