За помалку од две недели Ел Салвадор ќе стане првата држава во светот во која биткоин ќе биде прогласен за национална валута. Никој не знае што ќе следи потоа, пишува Волстрит Џурнал.
Владата на сиромашната централноамериканска земја планира да потроши 75 милиони долари, односно да му подели на секој о 2,5 милиони граѓани по 30 долари кој ќе се регистрира во електронското портфолио „Чиво“ за да можат да купуваат стоки или да плаќаат за услуги во американски долари и биткоин – двете официјални валути од 7 септември.
Експериментот ризикува да ја сруши кревката економија на Ел Салвадор затоа што централната банка на земјата може да биде принудена да троши од резервите за да купува биткоини ако курсот на криптовалутата падне и потрошувачите се насочат кон сигурноста на доларот. Државата не може да печати сопствени пари затоа што пред две децении се откажа од својата валута во полза на доларот.
“Прифаќањето на биткоин како официјална валута ќе не качи во возот на ужасите“, рече Карлос Ацеведо, гувернер на централната банка од 2009 до 2013 година.
Претседателот Најиб Букеле тврди дека потегот ќе привлече странски инвестиции, ќе ги намали цените на финансиските услуги и ќе ги намали трошоците за испраќање и примање на пари од Салвадорците кои живеат во другите земји и им помагаат на своите семејства.
Младиот 40-годишен лидер сака да привлече сгтрански инвеститори кои треба да ја искористат геотермалната енергија од вулканите.
Планот носи и ризици затоа што власта има ограничен пристап до пазарите со пари, а треба да ги намали растечките расходи за покривање на огромниот буџетски дефицит. Во моментов Ел Салвадор преговара со ММФ за 1,3 милоијарди долари помош, но не се консултирал со Фондот за биткоинот.
Во меѓувреме американската компанија Атена Биткоин Гловал ќе инвестира еден милион долари во изградба на мрежа од биткоин банкомати во земјата преку кои салвадорците ќе можат да купуваат и продаваат криптовалути.
Извор: Money.bg/The Wall Street Journal
Фото: Bloomberg.com