(Видео) Слатко, брзо и лесно – За оваа торта Ви се потребни само три состојки! – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/21 8:08 PM

(Видео) Слатко, брзо и лесно – За оваа торта Ви се потребни само три состојки!

Оваа торта се приготвува најбрзо и најлесно.

Состојки:

1 пактече бисквити од 400 грама

480 милилитри слатка павлака

450 грама чоколадо за готвење

Подготовка:

Издробете ги бисквитите во подлабок сад. Во друг сад, измешајте 400 мл слатка павлака и 350 грама чоколадо за готвење и ставете ги во микробранова печка за да се стопи чоколадото.

Истурете ја смесата врз бисквитот додека е уште жешко и добро измешајте.

Добиената смеса поделете ја рамномерно во тркалезна форма со пречник од 20 см и оставете ја да се стегне во фрижидер.

За тоа време, направете прелив од 100 грама чоколадо за готвење и 80 мл слатка павлака на ист начин – со парење или загревање во микробранова печка. Истурете ја врз тортата и вратете ја во фрижидер да се стегне.

Еве како изгледа: