Предводникот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски, испрати дополнителен повик до фудбалерите Александар Ѓурковски од Шкупи и Ѓорѓе Јанкулов од Борец, за воведните мечеви на младата селекција во квалификациите за Европското првенство во 2023 година.
Позитивните ковид тестови на редовните клупски тестирања кои ги добија Марио Младеновски од Ботев Пловдив и Адриан Хајдари од Рапид Виена, го натераа селекторот Канатларовски да пронајде нивни замени од домашното првенство. Двајцата играчи ќе поминат време во самоизолација и нема да бидат во стројот за пресметките со Србија и Франција.
Официјалниот собир на репрезентацијата до 21 година е на 29. август во Скопје, а „рисовите“ ќе се сретнат со Франција во Ле Ман и со Србија на домашен терен во септемврискиот циклус за пласман на ЕП во Романија и Грузија.
Фото:
ffm.mk