(Видео) Вежби на статичен велосипед во трамвај во Загреб – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/21 9:42 AM

(Видео) Вежби на статичен велосипед во трамвај во Загреб

Честопати по трамваите или градските автобуси во европските метрополи може да се видат класични велосипеди, електрични тротинети и други алтернативни превозни средства, но во Загреб патниците почнале да влегуваат во трамвај и со статичен велосипед.

– Човекот влезе на една од станиците со собен велосипед во рацете. Седна на него и почна да врти на педалите како никој да не го гледа. Синот и јас седевме зад него и ништо не ми беше јасно. Човекот излезе после три станици и тоа беше помалку од 10 минути возење. Интересно беше што останатите луѓе во трамвајот не реагираа, како да се случува тоа секој ден, ни сам не знам дали ова станало нормално – раскажа патник за “24часа“.

извор: 24sata.hr