Желбата на пациентката исполнета, спасен е човечки живот – Направена е петтата трансплатација на срце од починат днор во земјава – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/21 5:50 PM

Желбата на пациентката исполнета, спасен е човечки живот – Направена е петтата трансплатација на срце од починат днор во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција ја информираше јавноста дека успешно заврши петтата трансплатација на срце од починат донор. Покрај трансплатацијата на срце, направени се и две бурежни трансплатации.

–  Направена е петтата трансплатација на срце од починат донор во нашата земја. Мило ми е што со овој чин е спасен човечки живот и е подобрен квалитетот на живот на уште двајца пациенти, изјави Филипче и исто така изрази  багодарност до семејството на пациентката која имала мозочна смрт.

Исто така Филипче откри дека семејството и ја исполнило желбата на пациентката за дарување на органите  при евентуална смрт.

– Благодарност до семејството на пациентката која за жал кај неа имаше спонтано крварење во мозокот и кај неа беше детектирана мозочна смрт. А нејзиното семејство сопругот, братот и ја испочиуваа нејзината желба која ја искажала додека била жива, во случај при евентулана смрт да се донираат нејзините органи. Транплатираното срце  е направено кај пациент на возраст од 66 години за кој што немаше друга алтернатива, не беше канидат за вештачко срце, а неговото срце работеше со капациет помалку од 20 проценти. Хирушката интервенција е завршена сега тој е во фаза кога тој ова деноноќие ќе го помине на респираторна машина, а утре ќе започне процесот на будење. Оваа фаза е критична се надваме дека пациентот оваа фаза ќе ја надмине и нема да има позначајни комликации. Двете други трансплатации на бубрег направени се кај пациетнтите се на возраст од 40 години и кои  повеќе нема да одат на хронична дијализа и ќе имаат нормален живот, рече тој и се заблагодари до тимот кој и покрај пандемијата успеале заеднички да го зацврстат здрвствениот систем и во други специјалности.

Доктор Маја Мојсова истакна дека со помош на кампањата на органодарителството ќе се подигне свеста кај граѓаните  за да можат да се спасат повеќе човечи животи, и истана дека уште еден предизвик е издржан и оправдан.

-Повторно се најдовме пред еден предизвик кој во последниве година дена покажавме дека можеме да го издржиме и да го оправдаме. Се случи петтата трансплатација на срце и две бубрежнии трансплатации. Најголема благодарност до семејството кое ги донираше органите. Се надевам дека ќе имаат брз и лесен опоравок на сите пациенти на кои им беа транспалатирани органи и ќе имаат квалитетен живот, рече Маја Мојосва.