Фотографии со јаловина во околината на Пробиштип се споделуваа во текот на денешниот ден, на кои се гледа дека се зафатени околните патеки и просторот со сува трева и грмушки.
Од Државниот инспекторат за заштита на животната средина немаа информација за евентуален еколошки инцидент, но најавија дека инспектор че замине на терен. Најавија повеќе информации откако ќе заврши увидот.
Пробиштип се’ уште го решава проблемот со старото јаловиште од рудникот за олово и цинк Злетово, а остатоците од работата на рдникот завршуваат во новото, кое е со еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање.
фото: Фејсбук