Инцидент во скопското село Побожје, малолетник повреден во ресторан, информираат од полицијата.
– Вчера во 21.30 часот во Полициското одделение Мирковци, малолетник од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека при излегување од угостителски објект во с.Побожје едно лице го удрило со стаклен предмет по главата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.