Короната најмногу ги напаѓа белите дробови – Зголемен број на позитивни и со тешка клиничка слика од Ковид-19 во Делчево – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/21 3:41 PM

Короната најмногу ги напаѓа белите дробови – Зголемен број на позитивни и со тешка клиничка слика од Ковид-19 во Делчево

Во последните денови се зголемува бројот на позитивни случаи и активни болни со тешка клиничка слика во Делчево. Како што информираше директорката на делчевскиот здравствен дом „Гоце Делчев“, Марија Глигоровска, само во текот на денешниот ден тројца пациенти се пренесени во клиничка болница Штип. што според неа потсетува на периодот од минатата година, кога пациенти од Делчево ги преполнија болниците во околните градови.

– Денеска имаме тројца пациенти кои се во многу лоша состојба. И сега се повторува истата состојба од минатата година. Короната ги напаѓа сите органи но најмногу напаѓа на белите дробови и во однос на денешните пет случаи кои ги сликавме на рендген, тројца пациенти имаме со лоша рендгенолошка и клиничка слика, истакна Глигоровска.

Глигоровска воедно ги појасни правилата околу вакцинација на мајките со новороденчиња, особено за доилките кои според дел од граѓаните се жртва на новите мерки, бидејќи како што велат тие, доилките не можат да се вакцинираат и со тоа да добијат сертификат, а тој им се бара при посета на угостителски објекти.

– Во однос на доилките нема никаква причина тие да се вакцинираат со која било од вакцините. Но од искуство нашите доктори ги советуваат да помине еден период, да ја одложат вакцината за малку да „ојачат“, обично во период по 6 месеци да ја примат вакцината. Претходно во тек на бременоста мајките се осетливи и може многу лесно да се разболи и заради тоа се советува да биде покасно вакцинирана, додаде Глигоровска.

Директорката на делчевскиот здравствен дома апелираше да продолжи масовната вакцинација и со тоа да се намалат штетните последици од вирусот кој според неа се е поочигледно е дека повторно ќе нападне во текот на есента

 

МИА