Народен правобранител: Пописот е можност да се избројат лицата со попреченост – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/21 12:58 PM

Народен правобранител: Пописот е можност да се избројат лицата со попреченост

Народниот правобранител и членовивите на независниот мониторинг механизам кои ја мониторираат имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) сметаат дека пописот претставува одлична можност конечно да се идентификува бројот на лицата со попреченост, што е од особено значење за соодветно натамошно планирање на сервиси за поддршка и активности и за креирање на политики и буџети кои ќе обезбедат инклузија на лицата со попречености, а воедно е можност да се добијат податоци за степенот на учество на лицата со попреченост во нашето општество, вклучително и бариерите кои го оневозможуваат нивното учество на еднаква основа со другите.

Народниот правобранител затоа, врз основа на забелешките што ги добиле од организациите кои се занимаваат со правата на лицата со попреченост, препорачува Државниот завод за статистика, сериозно да ги разгледа дадените забелешки, предлози и сугестии, следствено итно да направи корекција, промена, односно подобрување на содржината на Прашалниците кои ќе се користат при реализирање на Пописот, а кои ќе се однесуваат на лицата со попреченост, при што во иднина, во активностите поврзани со донесување/измена или дополнување на закон, изработка на прашалници и слични прашања кои се однесуваат на лицата со попреченост, самите лица со попреченост задолжително да бидат консултирани и активно вклучени.

Токму затоа, додаваат, е важно Пописот да биде спроведен соодветно, со целосно почитување на човековите права и од истиот да произлезат точни податоци за бројот, демографските карактеристики и територијалната распределба на сите лица со попреченост во државата, но, воедно да се опфатат и бариерите со кои се соочуваат овие лица во остварувањето на нивните права и нивната инклузија во општеството на подеднаква основа со другите.

-Граѓанските организации/здруженија, родителските организации, како и самите лица со попреченост, повикувајќи се на член 4 став 3 од КПЛП, според кој, во однос на прашања кои се однесуваат на лицата со попреченост, самите лица со попреченост треба да бидат консултирани и активно вклучени, изразија незадоволство од тоа што уште во самиот процес на изработка на пописните прашања кои се однесуваат на лицата со попреченост, не биле вклучени ниту консултирани, со што се врши непочитување и повреда на одредбите од КПЛП, а на штета на лицата со попреченост. Народниот правобранител, тргнувајќи од определеното во гореспоменатиот член побара од граѓанските организации кои се дел од независниот мониторинг механизам, да се произнесат во однос на пописните прашања кои се однесуваат на лицата со попреченост, а во продолжение детално ве запознаваме со нивните автентични ставови и сугестии, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

 

МИА