Се појави нов остров по ерупција на подморски вулкан во Јапонија – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/21 12:36 PM

Се појави нов остров по ерупција на подморски вулкан во Јапонија

Како резултат на експлозија на подморски вулкан во Јапонија, се појави нов остров со дијаметар од еден километар во близина на островите Ивото, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) соопшти дека подводниот вулкан, на 50 километри јужно од островите Ивото во Тихиот Океан, еруптирал минатата недела.

Според веста на новинската агенцијата „Кјодо“, базирана на извори на Националната крајбрежна стража, новиот остров со дијаметар од еден километар и во форма на буквата С се појавил во близина на регионот Ивото по ерупцијата.

Се предупредува дека во регионот каде што вулканската активност ќе продолжи можно е да се појави облак од чад и пепел.

Регионот Ивото, познат по својата вулканска структура, се наоѓа на 1.200 километри јужно од главниот град Токио.