Јозуа Кихим, германскиот репрезентативец и играч од средината на теренот на Баерн Минхен, официјално денес ја продолжи верноста со Баварците. Кимих ќе игра на „Алијанц Арена“ до 2025 година и ќе се обиде во тековната сезона да ја одбрани титулата во Германија.
-Најважната причина за продолжувањето на договорот е мојата пасија и радост секој ден овде во Баерн. Имам тим со кого можам да постигнам големи нешта и многу соиграчи кои се станати мои вистински пријатели. Затоа и почнав да играм фудбал првенствено, за да ми биде забавно. Моето семејство овде се чувствува како дома. Минхен ми е како втор дом. Ваква комбинација како овде нема никаде на светот, изјави Кимих за клупскиот веб-сајт.
Дваесет и шестгодишниот играч во Баерн Минхен пристигна во 2015 година од Лајпциг. Досега во кариерата за Баварците настапи на 264 меча, постигнувајќи 30 голови и освојувајќи шест трофеи во Бунндеслигата, три купа на Германија, една титула во Лигата на шампионите.
Во вчерашната победа на домашен терен над Келн од 3:2, Кимих се најде во улогата на асистент за третиот и победнички погодок на Серж Гнабри во 71-та минута од дуелот.
Фото: