„Ова не ти е „Партизанска“ во Скопје“, беа коментарите на минувачите кои беа сведоци на заглавувањето на шлепер со скопски регистерски таблички, како се обидува да се движи во спротивен правец по едноснасочна улица во центарот на Штип до општинската зграда.
Снимката е направена вчера, недела, кога за среќа и сообраќајот е послаб, во делот од градот којшто секогаш е фрекфентен.
Шлеперот со тешки маки се одглави од тесното грло, но, прашањето е како се нашол во центарот сред викенд.
Од неодамна, се пренасочува цлиот регионален сообраќај низ Ново Село поради работата на обиколницата на патот Штип – Радовиш.