Никој не го сака Роналдо, сите клубови му ја треснаа вратата – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/21 9:05 AM

Никој не го сака Роналдо, сите клубови му ја треснаа вратата

Иако Кристијано Роналдо на социјалните мрежи демантираше дека сака да го напушти Јувентус, доброупатените италијански новинари тврдат дека Португалецот прави се за да си замине од Торино до крајот на преодниот рок.

Вчера одби да го почне мечот за Јувентус за потоа да влезе и да постигне гол за победа кој потоа беше поништен, а во меѓувреме неговиот агент Жорже Мендеш работи да му пронајде нова средина.

Постои голем проблем, во овој момент никој не сака да го доведе. “Кориере дело Спорт“ пренесува дека најмоќниот фудбалски агент на светот го контактирал секој голем клуб во Европа и му го понудил Роналдо, но никој досега не им одговорил позитивно.

Единствен кој го сакаше летово беше Спортинг од Лисабон, но Роналдо мисли дека може да игра на високо ниво уште некоја година и затоа својот прв клуб не му е опција, а официјално “не“ слушна и од Реал Мадрид.

Манчестер Јунајтед не ја исклучува опцијата да го ангажира, но го условува драстично да ја намали платата што ќе биде малку тешко.

Постоеше шанса Јувентус да го размени за Икарди од ПСЖ, но тоа се затвори со доаѓањето на Лео Меси во Франција. Од тактички причини ниту Пеп Гвардиола не е заинтересиран да го доведе Роналдо во Сити.

Англиските медиуми јавија дека опција сега е и Тотенхем во кој Мендеш го донесе тренерот Нуно Еспирито Санто, а таму спортски директор е Фабио Паратичи од Јувентус, еден од најзаслужните што Роналдо дојде во Торино.

извори: Мондо, Кориере дело Спорт