Двајца туристи од Македонија се удавиле во Албанија, пренесува албанската телевизија А2 Си-ен-ен. Според информациите на телевизијата полицијата информирала дека се работи за две повозрасни лица М.М(79) и Ц.М(78) кои дошле на одмор од Северна Македонија, а како причина за давењето се сметаат високите бранови.
Во Албанија денеска се пријавени три жртви на давење во море.
Едното лице е 59-годишен со иницијали Х.Х. кој се удавил на плажата во Велипоја, а уште две лица се евидентирани на плажата во Спиле.
Инцицентите се случиле околу 11 часот утринава, додека истражните тимови работат на расветлување на околностите за настанот.
Извори за Top Channel велат дека тоа се Ристе Дамковски (77) и Цветко Митаноновки (79), двајца блиски пријатели од Битола, кои се собрале заедно со група од 52 луѓе да уживаат во албанскиот брег.
По консумирањето ручек, тројцата влегле во морето, но само еден успеал да излезе жив.
Преземено од: https://top-channel.tv/