Струмичките угостители поради незадоволството од новите мерки против Ковид 19, од вторник ќе излезат на протест за да го изразат револтот. Како што стои во објавата од Угостителското здружение од Струмица, протестот ќе започне во 11 часот и ќе трае до 13 часот со што ќе ги блокираат улиците во Струмица како и влезовите на градот.
„Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните. Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме Владата да го прифати нашето барање. Во спротивно ќе настапиме и со поостри мерки“, стои во објавата на Угостителското здружение од Струмица, кои додаваат дека овие години се на постојан удар, и дека е време Владата да донесе нови мерки кои ќе бидат и во нивна корист.