При вршење ископ во Битола биле пронајдени две експлозивни направи, Диркцијата за заштита и спасување констатирала дека се работи за неексплодирани артилериски гранати со калибар 105 мм од Првата светска војна.
„На 21.08.2021 во 16.40 часот во СВР Битола, Д.К. пријавил дека при вршење ископ на ул.16-та во Битола биле пронајдени две експлозивни направи. Полициски службеници излегле на местото, а од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување експлозивите направи биле безбедно подигнати и било констатирано дека се работи за неексплодирани артилериски гранати со калибар 105 мм од Првата светска војна“, соопштија од МВР.