Од министер до разнсувач на пици – Неверојатен животен песврт на авганистански дипломат – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/21 11:37 PM

Од министер до разнсувач на пици – Неверојатен животен песврт на авганистански дипломат

Нереалната приказна за човек кој тврди дека бил министер за комуникации во Авганистан, а сега дистрибуира пици во Германија, се појави на социјалните мрежи и остави многумина без зборови.
Како што тврди репортерот Јоса Манија-Шлегел во објава на својот профил на Твитер, кога се сретнал со поранешниот дипломат, го прашал што прави во Лајпциг, а тој му рекол дека некогаш бил член на авганистанската владата а сега дистрибуира храна во Германија.


Фактот дека објавата на германскиот известувач доби повеќе од десет илјади лајкови и беше ретвитувана преку 1.800 пати, зборува за тоа колку приказната привлече внимание.
Новинарот објави и статија за поранешниот дипломат во германски весник за кој работи.

Како што напиша таму, поранешниот министер за комуникации во Авганистан Саид Садат, беше член на авганистанската влада во 2020 година, а потоа избега во Саксонија и сега работи во Лиферанд.