Арон Ремсдејл стана „топџија“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/21 10:26 PM

Арон Ремсдејл стана „топџија“

Англискиот тим кој највеќе „го одврза ќесето“ во летниот трансфер преоден рок, продолжува во таа насока. Арсенал денес и официјално го ангажираше третиот голман на „Гордиот Албион“ и довчерашен фудбалер на Шефилд Јунајтед, Арон Ремсдејл.

Иако „топџиите кубуреа“ на повеќе позиции, а поразот од Брентфорд на стартот од новата сезона во Премиер Лигата не ветува големи нешта, Микел Артета и челниците на лондоснкиот клуб се одлучија за уште еден голман.

Дваесет и тригодишниот поранешен чувар на мрежата на Вимблдон и Борнмут, според англиските медиуми за повеќе од 30 милиони евра ја промени средината и се очекува да му биде конкуренција на Германецот, Бернд Лено, кој добар дел од ланската сезона манифестираше несигурност помеѓу стативите.

Ремсдејл ќе го носи бројот 32 на грбот, а своето деби ќе го има во недела и тоа против градскиот ривал Челзи.

 

Фото:

Twitter