И моделите се само луѓе: Убавица откри тајни за позирање на Инстаграм – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/21 9:44 AM

И моделите се само луѓе: Убавица откри тајни за позирање на Инстаграм

Фотографиите објавени на Инстаграм кај некои луѓе знаат да создадат комплекси, но всушност може да ги направи кој било. Ријана Мејер на Инстаграм ја следат повеќе од 680 илјади луѓе, кои таа одлучила да ги едуцира во врска со позирањето на оваа социјална мрежи. Поради тоа, почнала со објавување фотографии на кои изгледа совршено, но и на такви на кои не ги крие „маните“. Младата Холанѓанка покажа дека и таа има стомак кој го вовлекува кога позира.

Некои од триковите со кои многумина се служат кога се фотографиират за на Инстаграм им создаваат комплекси на другите, а фотографиите од моделот Ријана може да ги погледнете во галеријата во продолжение.