„Знаат дури и кога сум љубоморна“ – Јелена Ѓоковиќ прозборе за аферите на Новак – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/21 9:28 AM

„Знаат дури и кога сум љубоморна“ – Јелена Ѓоковиќ прозборе за аферите на Новак

Неодамна во медиумите се појави информација дека Новак Ѓоквиќ наводно флертувал со познатата актерка Марија Каран што тоа ја направи љубоморна Јелена Ѓоковиќ.

Меѓутоа, таа повеќе не можела да молчи, па решила да застане на патот на лажните информации кои се појавуваат во медиумите.

– Ако не демантираш лага бидејќи немаш одговор за глупоста и просто не се занимаваш со тоа, за новинарите тоа се смета како зелено светло да продолжат да те влечат по весници и од тебе да прават дворска будала.

– По 15 години пишување за аферите со секоја девојка од нашето заедничко друштво, сега нас толку добро не знаат како пар, да знаат дури и кога сум љубоморна без зборови и дела. Нормално кога не ја демантираш глупоста автоматски станува корисен мамаец за во идните објави а сега и поранешни љубови… Бидејќи така се почитува ликот и делотот на малд и успешен спортист од нашата земја. Ви се здосади дека со мене заглави сите овие години, па повеќе кликови ви носат аферите.

Таа истакна дека неточните и непроверените информации на ваквите содржини можат и да направат проблем во семејство каде со години функионира во семејна хармонија.

– Живееме во време кога човек навистина мора да се праша што чита и кому да верува.Цела таа мрачна енергија која влегува во нас додека читаме вести исполнети со невистина само за профит, не може никој да инспирира на добро дело. Знаеме дека столбот на секое добро општество е семејството, па дали е можно да се користат медиумите како средство за да се оцрнат?! Дали е тоа рецепт за успех или неуспех на едно општество? Вие проценете – заврши Јелена.

Извор: Еспресо.рс