Македонскиот репрезентативен бек Езѓан Џани Алиоски, на своето деби во новиот клуб постигна гол од белата точка, во ремито на Ал Ахли со Ал Хазем од 2:2.
Поранешниот премиерлигаш кој во летниот преоден период како слободен играч од Лидс Јунајтед пристигна во Саудска Арабија, во 78-та минута постигна гол за 2:1 и го најави враќањето на Ал Ахли во мечот.
⚽️🎥 د78’ شاهد الهدف الأول للأهلي عن طريق “اليوكسي”.#الحزم_الأهلي pic.twitter.com/oqyXOca1zg
— دوري كأس الأمير محمد بن سلمان 🇸🇦 (@SPL) August 19, 2021
Во новата средина и кај тренерот Бесник Хаси, Џани Алиоски играше на вообичаената лева бековска позиција, во 4-4-2 формација.
Фото:
Twitter / @SPL