Поради намалениот број на пожари, поради врнежите кои ја намалија сувоста на вегетацијата од денес Македонски шуми ја ублажија мерката за забрана на движење низ шумите.
– Од денес сите правни и физички лица кои имаат потреба да се движат во пророда со однапред добиена дозвола ќе можат да се движат. Ова се однесува на планинарите и параглајдеристите кои ги користат нашите планини за нивните активности, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.