Маж на возраст од 30 години е пронајден мртов на автопатот Штип-Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-Вчера околу 07.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на автопатот Штип-Скопје, на зелена површина кој ги одвојува двете коловозни ленти пред надвозникот кај с. Ерџелија, светиниколско, бил пронајден починат Д.Т.(30) од Свети Николе. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, стои во соопштението на полицијата.