Шалке 04 го ангажираше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/21 7:11 PM

Шалке 04 го ангажираше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов

Македонскиот фудбалски репрезентативец кој се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски на изминатото Европско првенство, Дарко Чурлинов, во сезоната 2021/2022 ќе го носи дресот на второлигашот Шалке 04.

Чурлинов како позајмен играч од Штутгарт ќе се пресели во Цвајте и со бројот седум на грбот ќе се обиде повторно да го врати Шалке 04 онаму каде што припаѓа, а тоа е најдобрата германска дивизија, Бундеслигата.

-Дарко е офанзивен ол-раундер кој со својата брзина и квалитет во еден на еден играта, претставува константна опасност за одбраната на противникот. Неговата разноликост ќе се вклопи многу добро во нашиот состав и ние сме среќни што успеавме да го ангажираме, изјави за клупскиот веб-сајт спортскиот директор Рувен Шрудер.

Дваесет и едногодишното крило кариерата во Германија ја започнува во младинските категории на Ханза Рошток во 2015 година. Во 2020 година конечно пристигна во првиот тим на Штутгарт, одигрувајќи 15 мечеви во Бундеслигата.

 

 

Фото:

schalke04.de