Жената која ја силувал сопругот на Ники Минаж ја тужи и раперката поради заплашување – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/21 9:05 AM

Жената која ја силувал сопругот на Ники Минаж ја тужи и раперката поради заплашување

Раперката Ники Минаж и нејзиниот сопруг Кенит Пети се  тужени од наводна жртва на силување, Џенифер Хог  за вознемирување и заплашување, пишува списанието „Пипл“.

Џенифер тврди дека сопружниците и понудиле половина милион долари за да се откаже од тужбата, а наводното силувањето се случило во 1994 година, кога девојчето имало 16 години.

Странските медиуми пишуваат дека Џенифер се изјаснила во тужбата и дека во една прилика и понудиле 20.000 долари во замена за потпишување на веќе подготвена изјава со која таа ќе го отфрли обвинението за силување.

Таа тврди дека добила бројни вознемирувачки повици и посети од луѓе поврзани со славниот пар.

Џенифер тврди дека ги одбила сите кои и понудиле мито и ја чува во тајност својата локација за повторно да не ја малтретираат

„Се чувствувам како да живеам во тајност, дури и не можам да им ја кажам локацијата на моите пријатели“, рекла девојката за „Тајмс“.

Таа додаде дека често има кошмари поради настаните во 90 -тите години.

Ники Минаж се омажи со Пети во 2019 година.

 

Извор: Нова.рс