И третиот кат од интернистичкиот блок при Клиничката болница Тетово денеска се пренамени во Ковид центар. Поради растот на бројот на хоспитализирани пациенти, веќе нема места во постојните четири одделенија каде се лекуваат ковид болни, па постојано се прави реорганизација на простор и кадар.
За 24 часа се хоспитализирани 14 пациенти и моментално во сите одделенија пренаменети во Ковид центри се лекуваат 104 лица, речиси сите со тешка клиничка слика и на кислородна подршка. Загрижува и се поголемиот број на амбулантски прегледи
За кадар и простор не сме имале проблем и нема да имаме барем засега, но најголем проблем е недисциплината на граѓаните, од кој голем дел на ги почитуваат препораките, а така не може да се победи вирусот.
Од почеток на пандемијата моментално во тетовската болница се лекуваат најголем број на пациенти.
Зоран Димовски