Претседателот на Македонската таеквондо федерација и таеквондо тренер, Борче Костовски, покрај сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски, ќе добие „Национално спортско признание“, популарно како спортска пензија, известија од МТФ на својата „Фејсбук“ страница.
-Почитувани љубители на олимпиското македонско теквондо, Сакаме да ве известиме дека по заеднички договор на двајцата трнери Борче и Дарко Костовски на нашиот Дејан Георгиевски, покрај олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски кој е носител на највисокото државно спортско признанине „Национално спортско признание” или популарно како спортска пензија, носител на истото врвно признание ќе биде и претседателот на МТФ и тренер д-р Борче Костовски.
Претседателот на МТФ, и тренер д-р Борче Костовски и спортистот Дејан Георгиевски ќе имаат доживотни месечни примања во висина од 1,4 просечни плати месечно, стоеше во соопштението.
Од таму велат дека ова треба да е поттик за многу идни спортисти и тренери, а главниот мотив на сите треба да е Македонија.
Фото:
Facebook / Македонска таеквондо федерација