Вредноста на крипто валутите паѓаат – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/18 9:45 AM

Вредноста на крипто валутите паѓаат

Ethereum го доживеа најголемиот пад на вредноста од сите криптовалути. Во последните 24 часа вредноста на оваа валута падна за преку 20% и ја достигна најниската цена годинава.

Експертите предвидуваат дека во следниот период следува масовна продажба на криптовалутите, посебно Ethereum, чија моментална вредност е 262 долари за еден токен. Вредноста на еден Bitcoin токен во моментов е 6.043 долари, а од вчера до денеска вредноста падна за дополнителни 7%.

„Пазарот на криптовалути е во панична состојба и цените паѓаат од ден на ден. Како што може да се забележи во случајот на Ethereum, изгледа дека инвеститорите ја зголемуваат ликвидноста на нивните ICO (Initial Coin Offerings) имоти, со значителни опаѓања на цените и зголемени обеми“, вели Метју Њутон, аналитичар на онлајн платформата eToro.

Синоќа на само неколку моменти вредноста на Bitcoin падна на нешто помалку од 6.000 долари за потоа повторно да се врати над таа граница. Цените во моментов висат на конец и трговците со криптовалути се активни во секој момент. Сепак, цената на Bitcoin се очекува да се балансира помеѓу 5.700 и 8.000 долари.