Поранешниот шампион на Германија, Волфсбург, иако го совлада со 1:3 четвртолигашот Мунстер после продлженијата, исфрлен е од понатамошно натпреварување во Купот на Германија.
Причината за ваквата одлука на фудбалската федерација на Германија е поприлично бизарна и не соодвествува со професионалното дејствување на еден сериозен тим од Бундеслигата. Имено, „зелените“ извршиле повеќе од пет дозволени замени на истиот дуел одигран минатата седмица, прекршувајќи ги јасните правила за овој формат.
Во првото коло од Бундесот, Волфсбург минимално го порази Бохум и успешно ја стартуваше кампањата во сезоната 2021/2022.
Фото:
12.international