Сретен Стојковски е именуван за нов в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/21 6:16 PM

Сретен Стојковски е именуван за нов в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина

Сретен Стојковски е именуван за нов в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, со решение на Владата на Република Северна Македонија, објавија од Државниот пазарен инспекторат на својот „Фејсбук“ профил.
Објаватата, како што велат од инспекторатот, поместена е во Службен весник на РСМ (бр.190/2021) од 11 август.

М-р Стојковски е роден во 1967 година во Куманово, вработен во МЖСПП, советник во Секторот за ЕУ. Тој е дипломиран инженер технолог и магистер по технички науки од областа на Инженерство на животната средина, Технолошко-Металуршки Факултет при УКИМ, Скопје, информираат од Државен инспекторат за животна средина.

 

 

Фото:

Facebook/ Државен инспекторат за животна средина