Локализиран пожарот во Горно Мелничани, поднесена кривична против двајца за негово подметнување – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/21 12:27 PM

Локализиран пожарот во Горно Мелничани, поднесена кривична против двајца за негово подметнување

Големиот пожар во атарот на селото Горно Мелничани, Општина Центар Жупа, во чие гаснење од утрово интервенираа и два хелкоптери, е локализиран, но и понатаму постои опасност за негово активирање поради ветерот, потврди за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална протовпожарна единица.

– Поради опасноста од повторно распламтување, што во прилог на тоа оди ветерот и понатаму остануваме на терен. Значи на терен сеуште се над 100 лица, од пртовпожарната единица во Дебар и Гостивар, припадници на полицијата, специјалната полициска едница за брзи интервенции, од подружницата на „Национални шуми, како и вработени од општината, посочи Мифтароски.

Во меѓувреме, Одделението за внатрешни работи Дебар, до дебарското основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица, државјани на Република Албанија, под сомнение дека го прдизвикале пожарот во Горно Мелничани.

– Одделението за внатрешни работи Дебар, до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Л.Е.(32) и Е.Ц.(31) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар”, предвидено и казниво по член 227 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Пријавените, се сомничат дека го предизвикале шумскиот пожар во село Горно Мелничани, каде опожарени се над 15 хектари висоскостеблеста букова шума.

 

МИА