На тригодишната ќерка и купила брендирана чанта од 42.000 евра – Славната раперка мета на критики откако се пофали на Инстаграм – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/21 2:11 PM

На тригодишната ќерка и купила брендирана чанта од 42.000 евра – Славната раперка мета на критики откако се пофали на Инстаграм

Контроверзната раперка Карди Би објави фотографии на Инстаграм каде позира со својата тригодишна ќерка.Вниманието го украде модениот додаток што девојчето го држеше во рака.

Карди и купила на својата ќерка скапа чанта од марката Хермес Биркин, по цена од 50 илјади долари (околу 42.000 евра), пишува Мирор.

„Јас и мојата најдобара пријателка засекогаш“, напиша раперката во описот на фотографијата.

Жолтата персонализирана дизајнерска чанта има илјадници кристали во сребрени и други бои.

Карди Би наводо веќе неколку недели преговарала со дизајнерите за изгледот на чантата во која се вложени повеќе од 100 часа работа.

Овој моден додаток ги подели слебениците на Инстаграм, некои велат дека чантата е преубав подарок за нејзината ќерка, а некои велат дека тоа е прескап подарок за дете од три години.

Извор: Србија.данас.рс