Дел од пожарите се подметнати – МВР приведе 17 лица – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/21 6:08 PM

Дел од пожарите се подметнати – МВР приведе 17 лица

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил напиша дека дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму заради тоа мора да имаме посериозна одговорност.

– Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се 16 лица, имаме поднесено три кривични пријави и две прекршочни. Се уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка ќе се поднесат соодветни поднесоци, напиша Спасовски.

Постапката, како што се наведува, се води во координација со Јавен обвинител и од таму се добиваат насоките во однос на квалификација на кривичното дело.

МИА