Вчера во 08.45 часот во Полициската станица Струга, вработена во Агенцијата за вработување пријавила дека во периодот од 16.30 часот на 10.08 до 08.30 часот на 11.08.2021 од залутано зрно било оштетено стакло од една канцеларија, информираат од МВР.
Зрното било пронајдено во канцеларијата, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.