Требало да одат во изолација и домашно лекување, а тие ја напуштиле државата – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/21 4:30 PM

Требало да одат во изолација и домашно лекување, а тие ја напуштиле државата

Во периодот од 08.08. до 11.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово на подрачјето на Тетово и Гостивар извршиле проверки на лица на кои им е издадено решение за изолација и домашно лекување, информираат од МВР.

Притоа, било констатирано дека Д.Л. од Косово, со престој во нашата држава, Љ.С.(54) од Тетово, две малолетнички и нивната мајка А.Ќ.(37) од Тетово, М.Љ.(49) и А.Х.(20), двајцата од Мала Речица, Б.Х.(35) од тетовски Лисец и М.З.(54) од Гостивар, сите со решение за изолација и домашно лекување, не биле на местото за изолација, туку ја напуштиле државата. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.