Не сум редар, прашајте по институциите дали ќе се бара сертификат за вакцинирани, рече Груби пред утрешната прослава на Рамковниот – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/21 3:05 PM

Не сум редар, прашајте по институциите дали ќе се бара сертификат за вакцинирани, рече Груби пред утрешната прослава на Рамковниот

Вицеремиерот Артан Груби на ден пред прославата на Охридскиот рамковен договор запрашан дали  испратиле допис до надлежните за протоколи за утрешната прослава рече:

-Испратено е барање до Министерството за здравство и тоа пред три недели. Контактирав и со министерот за здравство за сите протоколи, а вчера контактирав и со директорот на Центарот за јавно здравство докторот, Шабан Мемети, кој што секако ќе ги донесе и сите потребни луѓе коишто ќе ги спроведат протоколите предвидени за утрешниот настан, изјави Груби.

На прашањето дали ќе се бара сертификат за вакцинација на гостите, тој рече:

„Не сум редар, прашајте по институциите. Не сум јас за тоа“.

Денес беше промовиран документарниот филм „Охрид и потоа“ во организација на Центарот за европски истражувања и анализи „Еуропроспера“ и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Документарецот е снимен во 2002 година и во него дел се сите учесници на Охридскиот рамковен договор, како Џорџ Роберсон, Хавиер Солана, Бранко Црвенковски, Али Ахмети, Љубчо Георгиевски и сите други.