Канада од есен започнува со примената на пасошот за вакцинација – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/21 1:53 PM

Канада од есен започнува со примената на пасошот за вакцинација

Канадскиот министер за државјанство и имиграција, Марко Мендичино, соопшти дека на оние кои имаат примено две дози од вакцината против Ковид-19 ќе им биде даден пасош за вакцинација што ќе се користи за меѓународни патувања, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Mендичино, кој не даде точен датум за издавањето на пасошот за вакцинација, рече дека тоа ќе започне да се спроведува со првите денови од есента.

Мендичино, наведувајќи дека Владата контактира со други земји за да биде признаена вакцинацијата, рече дека целосно вакцинираните Канаѓани ќе можат да добијат државен документ што ќе ја потврди нивната историја на вакцинација против Ковид-19, со цел да го користат за меѓународни патувања.

Најавувајќи дека пасошот за вакцинација ќе биде во дигитална средина, министерот Мендичино рече дека ќе има и печатена опција за оние Канаѓани кои тоа ќе го побараат.

Меѓу другото, Мендичино нагласи дека пасошот за вакцинација што треба да се издаде ќе содржи податоци за видот, датумот и местото на примените вакцини.

Системот пасош за вакцинација што се применува во Бугарија, Чешка, Данска, Германија, Грција, Хрватска и Полска, од јули започна да се применува и во Јапонија.

Канадските медиуми наведуваат дека примената на пасошот за вакцинација ќе започне во септември.