Сопругата на поранешниот премиер на Малезија, Росма Мансор, е една од најшокантните примери за естетска хирургија. Од убавица до цртана вештерка – ова е нејзината морничава трансформација.
Датин Сери Росма Мансор (69) на светската јавност и е позната како сопруга на поранешниот премиер на Малезија.
Откако Датука Серија Наџиб Разак ги загуби изборите во 2018 година, полицијата упадна во нивниот имот и заплени 248 луксузни чанти Ермес Биркин и 72 куфери полни со готовина, накит и други вредни предмети, сета заплена била пренесувана во живо.
Таа сведочеше на суд во корист на нејзиниот сопруг, кој како и неа, беше обвинет за корупција.
Конечната одлука дали судењето ќе продолжи или обвинението ќе биде отфрлено и ќе им се врати богатството, судот ќе ја донесе на 9 септември.
На суд, некогаш сопругата на поранешниот премиер секогаш се појавуваше во традиционална облека, а лицето кое го уништила со операциите за време на владеењето на нејзиниот сопруг, често го крие зад марама.
Росма Менсор беше зависна од естетски корекции, па од многу убава жена се претвори во вештерката од „Снежана и седумте џуџиња“.
Познатиот хирург од Сингапур, Су Тук Ва, откри кои пет операции се виновни за нејзиниот шокантен изглед.
– Росма долго време беше пример за лоша естетска хирургија и жив доказ дека корекциите направени од непрофесионални луѓе даваат многу лоши резултати – рече д -р Ва и посочи дека Росма порано била убава жена.
Докторот посочи дека дермалните филтери на брадата, импалнтите во носот, лифтингот на обрзите и ботоксот кои не биле добро изработени се виновни за уништувањето на убавото лице.
Извор и фото: Курир.рс