Алексеј Швед се врати во ЦСКА Москва – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/21 9:24 AM

Алексеј Швед се врати во ЦСКА Москва

Oдличниот руски шутер, Алексеј Швед, официјално се врати во ЦСКА Москва, објавија „армejците“. Ѕвездата на Евролигата потпиша двогодишен договор со ЦСКА (1+1) и повторно ќе заигра во руската престолнина по цели девет сезони.

За неверојатниот Швед потпишувањето со ЦСКА Москва значи и враќање „дома“, со оглед на тоа дека за најтрофејниот руски клуб има настапувано од најрана возраст и во сите категории.

-Разговаравме со Алексеј неколку пати. Тој имаше огромна мотивација и голема желба да дојде овде и да му помогне на тимот да освои повеќе трофеи и да игра добра кошарка. Му посакуваме добредојде и му посакуваме здравје и успех со нашиот тим, изјави тренерот на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис.

Швед по кратките позајмици во Динамо и Кимки, во 2012 година реши да се обиде во најсилната лига во светот. За Минесота Тимберволвс, Хјустон Рокетс и Њу Јорк Никс, рускиот бек-шутер одигра 182 меча и забележа во просек по натпревар 7.4 поени и 2.5 асистенции.

Минатата сезона во Евролигата, Швед беше најдобар стрелец и асистент, со остварени 19.8 поени во просек по меч и 7.7 успешни додавања.

 

Фото:

eurohoops.net